Повеќе од еден час 400 луѓе биле заробени во понеделникот на панорамското тркало со поглед на Темза, познато како Лондонско око. Посетителите биле заглавени на висина од 140 метри, а ослободени се откако мајсторите го отстраниле дефектот.
400 туристи заробени на 140 метри висина
За тоа време туристите имале можност добро да го разгледаат Лондон. Персоналот цело време преку разглас ги смирувал гостите за време на непријатниот застој. Во целиот инцидент никој не е повреден, а Лондонското око повторно е отворено вчера.
ohridnews