Безмалку 400 Јужнокорејци се пријавиле за венчавање со богата наследничка која преку оглас објавила дека бара сродна душа, но само осум најсериозни кандидати влегле во потесниот избор. Идната невеста е 49-годишна наследничка на имот од 18 милиони долари.
Анонимната милионерка одбрала осум најсериозни кандидати стари меѓу 37 и 49 години, меѓу кои има службеници, професори и банкарски работници. Во наредните три месеци ќе разговара со по тројца од нив. Претставникот на агенцијата вели дека таа повеќе сака просечни, но сериозни мажи отколку вешти бизнисмени.