Во силната експлозија што одекна утрово во индустриската зона Остим во близина на главниот град на Турција, урнати се два ката од трговскиот центар „Мега-Центар“ во чии урнатини се верува дека има меѓу 40 – 50 лица.

Бројката и состојбата на луѓето затрупани во урнатините од трговскиот центар од кого целосно биле уништени два ката, сè уште не е утврдена. Се верува дека поголемиот дел од затрупаните работници се тешко повредени или се загинати.

Според првичните сознанија, причина за експлозијата е проблем со генераторот на инсталацијата за гас.

На местото на несреќата се присутни 25 пожарникарски и 15 болнички возила.

OhridNews
извор: Makfaks