Во последните 24 часа се направени 1892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи со Ковид-19, од кои 26 во Охрид и 15 во Струга.

Најмногу нови случаи има во Скопје-230, по што следат: Куманово-28, Штип-7, Прилеп-21, Тетово-18, Велес-11, Битола-13, Кавадарци-18, Гостивар-16, Гевгелија-14, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-5, Виница-3, Делчево-1, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-4, Неготино-3.

Починати се 26 лица, девет пациенти од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89г), двајца од Куманово (60 и 46г), еден од Штип (61г), тројца од Прилеп (72, 88 и 63г), еден од Струга (69г), двајца од Велес (61 и 72г), двајца од Битола (52 и 75г), еден пациент од Охрид (84г), еден од Гостивар (54г), еден од Струмица (71г), еден од Берово (79г), еден од Делчево (66г) и еден пациент од Кичево (51г). Пациентите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти, 40 од Охрид и 22 од Струга.

Во моментов во Охрид активни се 574 случаи, а во Струга 347.

OhridNews