Дури 40% од испорачаната вода од градскиот водовод-Охрид ја користат дивоприклучени корисници, алармираше денеска МЈП „Проаква“.

Од јавното претпријатие информираат дека потрошувачката во текот на летните месеци и тропските горештини ќе биде значително зголемена, но најголем проблем за јавното претпријатие претствува крадењето на вода.

Од „Проаква“ велат дека снабдувањето со вода на Охрид се одвива со 400 литри во секунда и дека единствен проблем може да настане само во случај на посериозен дефект на мрежата.

Г.М.