Владата ќе одвои 40.000.000 денари за изградба на северната заобиколница на Охрид-улица „Железничка“. Изградбата на оваа улица влезе во програмата за инвестиции на Министерството за транспорт и врски за 2008 година во која за капитални проекти кои се однесуваат на патната инфаструктура во републиката ќе бидат издвоени 6.257.414.000 денари.


40.000.000 денари за „Железничка“

Северната заобиколница започна да се реконструира во 2005 година, но се’ се заврши на поставувањето на трасата и проширувањето на „Железничка“, која според зацртаниот проект треба да биде модерен булевар кој во многу ќе го растовари сообраќајот во Охрид.

Локалната самоуправа која ја започна реконструкцијата на „Желчезничка“ со години иснсистираше на нејзино довршување, за конечно оваа опасна улица да влезе во годиишната програма за инвестирање на Министерството за транспорт и врски.

Недоизградена и необезбедена улицата „Железничка“ денес претставува една од најопасните улици во градот. Во минатото тука се случија повеќе сообраќајни несреќи со фатални последици, поради што со право се очекува со доизградбата  овој патен правец  да стане пбезбеден и посигурен како за возачите, така и за пешаците.

Г. Момироски