Повеќе од 40 милиони денари за образовни цели ќе бидат вложени во 2008 година најави охридската локална самоуправа.
Најмногу средства ќе бидат потрошени за промена на дограмата во училиштата, соопшти Митре Вељаноски, раководител на секторот за обрзование при локалната самоуправа. Тој информираше дека програмата е веќе изготвена и дека градежните работи ќе се одвиваат во периодот од 10 јуни до 31 август 2008 година.
Според Вељановски голем проблем претствува тоа што покривите на училиштата се покриени со салонитни табли кои содржат азбест, кој е штетен по здравјето. Тој посочи дека општината Охрид нема финансиски средтва самата да изврши промена на покривите на училиштата и дека тоа ќе треба да се направи со помош на државата.
Мики Трајковски