2580 лица се регистрирани за невработени во Охрид согласно статистиката од Агенцијата за вработување заклучно со демекври 2024 година. Од нив, 1230 се жени, а 1350 мажи.
541 лица се регистрирани за невработени од селата во охридската околина, додека 2039 од невработените се со место на живеење во градот Охрид.
Статистиката покажува дека најмногу од невработените имаат завршено основно образование или се без образование или 884 пријавени лица, 783 лица се невработени со средно образование, додека со нетпотполно средно образование се 475 лица. Вработување со вишо образование чекаат 59 лица, со високо 338, 40 магистри и еден доктор на науки, покажуваат податоците на АВРМ.
Во однос на возраста 600 лица се над 60 години, 377 се на возраст од 55 до 59 години, 268 на возраст од 55 до 54, 250 од 45 до 49, 279 од 40 до 44, 245 од 35 до 39 години… Вработување над осум години во Охрид чекаат 438 лица.
Во моментов на електронскиот систем при Агенцијата за вработување во Охрид има 202 слободни работни места.
Н.С.Ј.
извор. АВРМ