Од 26 до 30- ти август ќе се одржи Охридскиот хорски фестивал. Ќе учествуваат 40 хорски состави од 18 земји. Освен од Македонија, во Охрид ќе пристигнат хорови од Србија, Бугарија, Унгарија, Романија, Хрватска, Словенија, Словачка, Чешка, Полска, Литванија, Летонија, Русија, Украина, Италија, Шпанија, Швајцарија и ДР Конго.


Годинешното издание на хорскиот фестивал, кој стартува неколку дена по завршувањето на „Охридско Лето“, ќе понуди 11 концерти на хорска музика, од кои 7 ќе бидат натпреварувачки, 4 концерти на духовна музика, 3 концерти на фолклорна музика и 1 концерт на поп музика.

Во рамки на Фестивалот ќе биде организирана и конференција за хорско диригирање и интерпретација. Голем дел од настапите на хоровите ќе бидат на отворено со цел да се доближи хорската музичка уметност до граѓаните и посетителите на Охрид.

Концертите на отворено ќе се реализираат во охридската чаршија и кејот, а за камерната музика ќе се користат „Дијамантската сала“ на хотелот „Инекс-Горица“, катедралната црква „Света Софија“ и  Центарот за култура.

Ohridnews