По повод Јубилејот 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква на 14 јули (сабота) 2007 година, со почеток во 19 ч. во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, Охрид, ќe се служи празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение со повеќемина свештенослужители.
После вечерната богослужба во 20.45 ч. ќе се одржи свечена академија во катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ – Охрид, на која јубилејно слово ќе произнесе поглаварот на МПЦ.
На академијата ќе бидат објавени добитниците на Светиклиментовите одличја, и ќе настапат хорот „Свети Климент Охридски“ од Скопје и маестро Борис Трајанов.
На 15 јули (недела) 2007 година, во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, на празникот Положување риза на Пресвета Богородица во Влахерна, ќе се отслужи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Ма-кедонски г. г. Стефан со членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква и со многубројно свештенство и монаштво со почеток во 9.00 часот.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој значаен јубилеј и празник.
ohridnews