Чун стар околу 40 години неодамна е пронајден во езерските води кај месноста Билјанини Извори . Го откриле вработените од Јавното претпријатие “Комуналец“ при една акција на чистење на тој дел од крајбрежјето, а се претпоставува дека стигнал од албанска страна. Оваа интересна сторија ја донесува двонеделникот “Амак Прес“, во своето најново издание. Пловниот објект е реплика на големите стари рибарски чунови и е направен во ист стил како некогашните охридски рибарски пловила.


пронајден чун стар 40 години

Весникот повикувајќи се на изјава на Сашо Алче, одговорно лице од јавното комунално претпријатие, пренесува дека чунот бил искористен неколку пати при организирање на  сценски перформанси, но и дека  не се превземени некои постручни активности за негово конзервирање, за што се очекува соработка со Заводот и Музеј.  Во моментов чунот се наоѓа во просториите на ЈП “Комуналец“ и е заштитен од физички оштетувања, пишува “Амак Прес“.

ohridnews
фото: „Амак Прес“