По повод 40 годишнината од ликовното творење на познатиот охридски уметник Славко Упевче, денеска во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена јубилејна изложба.

На изложбата што ќе се одржи во склоп на „Охридско лето“, ќе бидат изложени 40 дела на Упевче, кои симболично го означуваат четиридеценискиот ликовен опус на овој признат уметник.

Ohridnews