Владата денеска го усвои четвртиот пакет антикризни мерки, кои на пресконференција ги образложи премиерот Зоран Заев.
Меѓу друготто, новиот пакет маерки предвидува поддршка на туристичкиот и угостителскиот сектор, како и законски измени за поддршка на овие дејности.
Четвртиот сет мерки предвидува повластена стапка на ДДВ за ресторанска дејност од 10% наместо досегашните 18 и 5 %, со цел да се стимулира дејноста, а да се дестимулира сивата економија. За оваа мерка се потребни законски измени и таа ќе стапи на сила на 1 јануари 2021, најави премиерот Заев.
Новиот пакет мерки предвидува и враќање на туристичка такса за регистрираните субјекти кои реализирале услуги за сместување во 2019 година, како и поддршка во вид на исплата на плата за октомври, ноември и декември за туристичките водичи во висина од нешто над 21.000 денари.
Мерките предвидуваат и финансиска подршка за туристичките агенции кои се меѓу најпогодените од ковид кризата и регистрираните угостителски објекти за организација на свадби и веселби.
Вкупната вредност на четвртиот пакет кој содржи 31 мерка изнесува 470 милиони евра.
Парите ќе бидат обезбедени од кратење во буџетот и намалување на непродуктивните трошења, а дел се кредити. – појасни премиерот Заев.
Премиерот рече дека поддршка нема да добијат компаниите кои добиле државна помош, а не ги исплатиле обврските кон вработените. За да може да аплицираат мора претходно целосно да ја исполнат својата законска обврска, а кривичната одговорност е кривична одговорност, додаде премиерот.
Новина во овој пакет мерки е што најпогодените сектори ќе добијат поголема финансиска помош за плати на вработените до 21.000 денари, што подразбира субвенционирање покрај на платата и на придонесите. Оваа мерка ќе се однесува на комапниите кои претрпеле пад на приходите над 30%. За оваа мерка се предвидени 70 милиони евра.
За стамулирање на потрошувачката, владата предвидува платежни картички со износ од 6 илјади денари. Такви ќе добијат над 5700 самохрани родители, пензионери со минимални пензии до 15 илјади денари, студентите, филмските работници и пасивните баратели на работа. Предвидена е и поддршка на раѓаните над 64 години кои немаат ниту пензија, ниту некакви други државни примања.
Четвртиот сет мерки предвидуваат и продолжување на грејс периодот за бескаматните кредити од ковид 1 програмата до крајот на годината.
Премиерот најави дека во идниот период ќе се интензивираат инспекциските надзори, најмногу со цел да спречи ширењето на коронавирусот и упати апел до сите субјекти, особено до угостителскиот сектор, да ги почитува мерките на заштита, од што ќе зависи колку брзо ќе ја надминеме здравствената криза која предизвикува сериозни последици и врз економијата.
Г.М.