Во последните 24 часа се направени 1529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19, од кои 4 во Охрид, 3 во Струга, 39 во Скопје, 10 во Куманово…

Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (72г, 84г и 65г ), еден од Прилеп (65г), еден пациент од Тетово (62г), еден од Гостивар (74г) и еден пациент од Кичево (58г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени, 1 од Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004, бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697.

OhridNews