Комисијата за спроведување натпревари при Ракометната федерација на Македонија денеска одлучи да ги казни главните актери во саботниот инцидент во СРЦ Кале за време на дерби натпреварот меѓу Вардар Про и Металург.

Главните виновници за инцидентот, тренерот на Вардар Про Веселин Вујовиќ и судијата Ѓорѓи Начевски заработија суспензија на 4 натпревари, по што ќе можат нормално да си ја вршат својата должност.


Делегатите-контролори Стево Коруновски и Миле Најденовски се суспендирани на една средба, а комисијата ја отфрли жалбата на Вардар Про за материјална повреда на правилата и го регистрираше натпреварот со постигнатиот резултат 26:26.

ohridnews