Многу од жените  мачат мака со целулитот на нозете и задникот. Обично е доцна кога ќе се сетиме дека би можеле нешто да направиме со „кората од портокал“- целулитот веќе победил. Меѓутоа тоа не е причина да облекуваме долги здолништа или панталони.

За да го прикриете целулитот обидете се со еден од овие начини:

Исончан тен
Во текот на летните месеци, особено после годишниот одмор кожата изгледа посвежо и помеко но причината не е само морето и лосионите, туку и пигментот на кожата кој ги прикрива сите неправилности. Ако планирате за некоја свеченост да го облечете омилениот фустан, веднаш подгответе ја кожата со креми за самопотемнување или размислете за третман за нанесување на боја за исончан тен.

Мидер
Мидерите за обликување на телото се многу популарни, а различните модели се прилагодени на секоја облека. Мидерите под гламурозните фустани ги носат и славните убавици како Кејти Холмс, Сара Џесика Паркер и Ева Лонгорија што значи дека иако се прекрасни не препуштаат ништо на случајност.

Хулахопки
Хулахопките со боја на кожа се вратија на голема врата, а ова практично парче освен што ги прикрива неправилностите, го обликува телото.Изберете нијанса која што е најслична на вашиот тен и избегнувајте висок сјај. Ако планирате да облечете мини здолниште, изберете хулахопки без задебелувања.

Нега на кожата
Дехидрираната кожа станува сува и ја губи еластичноста, а вистинската нега може да направи чуда. Подгответе ја својата кожа и еднаш до два пати неделно направете добар пилинг на целото тело. Потоа кожата нахранете ја со крем или лосион за тело и добро би било да го нанесувате секој ден.

извор:zenstvena.com