Охридските каратисти од Карате клубот „Кун-су-то“ освоија 4 медали на меѓународниот карате турнир кој се одржа на 27 март во Лесковац, Србија.
На турнирот имаше присуство од над 600 натпреварувачи, a каратистите од „Кун-су-то“ Охрид освоија 4 медали од кои 2 средбрени и 2 бронзени, велат од клубот.
Анастасија Смилевска во категоријата женски 2009 година, борби+45 kgr освои 3-то место, Тамара Ѓурчиноска во категоријата јуниорки-55 kgr освои 3-то место, Дамјан Митревски во категоријата борби машки 2009-45 kgr освои 2-ро место и марија Велкова во категоријата ката женски 2021 година освои 2-ро место.
OhridNews