Лидерот во шампионатот кавадаречкиот Фени Индустри го пречекува  охридскиот Амак СП. Охриѓани се  едниот од двата тима кои во првиот дел од сезоната успеаа да ги совладаат “лозарите“ со 71-62. Од друга страна  Фени пак му го нанесе најубедливиот пораз на АМАК СП сезонава 90-78.

Најголемо внимание од денешното 4. коло од втората фаза во Првата кошаркарска лига предизвикува скопското дерби Фершпед Работнички – МЗТ ФОН Универзитет кое се игра во „Градски парк“. Деби во 13-кратниот првак против својот поранешен клуб ќе има Никола Караколев. По 10 години, тој во зимскиот преоден рок стана првиот играч што се преселил директно од едниот во другиот ривал. 

Во предиграта на вечното дерби во „Градски парк“ Струмица ќе ги одмeри силите со Карпош Соколи.

Во главниот град ќе се игра и мечот Вардар Осигурување – С. Пелистер. Вардарци без повредениот Перо Блажевски ќе ја бркаат првата победа сезонава против битолчани.

[email protected]