Судот во Скопје му изрече казна затвор од 4 години на Миодраг Марковиќ, сопственик на фирмата Арарат од Никшиќ – Црна Гора, поради  купување на акции од охридски ЕМО со средства заработени од прикривање данок.

Обвинителството изрази задоволство од пресудата но очекува судот да побара и враќање на средствата со кои Марковиќ своевремено купил акции во ЕМО Охрид.

Одбраната на осудениот смета дека одлуката е донесена без докази и најави жалба на истата.

ohridnews