Минстерството за животна средина и просторно планирање од буџетот за 2008 година ќе издвои 4.300.000 денари за изработка на предлог Просторниот План за Охридско преспанскиот регион и за спроведување на постапката за усвојување на планот.

“Просторен план за овој исклучително важен регион е неопходност и нужност. Во него ќе влезат сите економски, инфраструктурни и еколошки мерки кои ќе обезбедат одржлив развој и перспектива. Затоа по завршување на процесост на изработка, приоритет ќе биде даден на финализирање на  планот и  негово конечно усвојување“, изјави за Ohridnews, државниот секретар во Министерството за животна среднина, Дејан Пановски. Тој најави дека за таа цел министерството во  2008 година , ќе издвои 4, 3 милиони денари со што ќе се придонесе за идниот квалитетен равој на регионот.

ohridnews