Имате стари коронки кои е потребно да ги замените, а идејата за враќање на самиот почеток и помислата на непријатните смеси кои се неопходни за отпечатување на вашите заби ја слабее вашата решителност. Модерната стоматологија, имајќи го во вид сето ова, нуди алатка од најновата технологија со која целосно се менува досегашниот начин на земање на отпечаток од заби.
„Apollo Di“ на компанијата „Sirona“ e најнов дигитален модел на интраорален скенер кој дава најголема прецизност од досегагашните техники за отпечатување. Сликата добиена со интраоралниот скенер се претвора во виртуелен „3Д“ модел во реално време и се испраќа во заботехничка лабораторија со што се скратува значително времето за изработка и што е најважно за вас се отстранува непријатното искуство на пациентот при земање на отпечаток на класичен начин со лажица и отпечаточна маса.
Предностите на овој апарат се огледуваат во:
-неговата прецизност
-едноставната употреба
-компатибилноста
-прифатлив е од страна на пациентите
-можноста за директна комуникација
Квалитетот на дигиталниот отпечаток има решавачко влијание врз прецизноста и естетиката на крајниот производ – вашите нови заби. Со овој скенер можноста за грешка е сведена на минимум, така што дополнителните проби и корекции на изработките, кои се чести при класичното отпечатување, на ваше задоволство се избегнуваат, велат од од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, каде се практикуваат најновите светски методи во стоматологијата.Подготовката, снимањето и испраќањето на снимката е едноставно и лесно и се спроведува во секојдневната практика. Дигиталната снимка значително го скратува потребното време и труд. Само неколку експозиции се потребни за добивање на снимка од препарацијата, соседните заби и антагонистите. Со оваа метода може да се добие снимка од половина вилица за помалку од една минута, а притоа се задржува пријатната позиција на пациентот. Кај пациентите кои се третирани со овој нов принцип не постои страв и одбивање од слични постапки во иднина. Како што е и погоре објаснето, удобноста е првиот предизвик на дигиталната стоматологија.
Овој третман нуди поголем комфор на пациентот (отстранет е рефлексот на гадење) и потребно е покусо време, што го зголемува задоволството кај пациентот.
„CEREC Connect“ софтверот и „ SIRONA CONNECT“ порталот ја поедноставуваат соработката помеѓу стоматологот и забниот техничар. Откако скенерот ќе го регистрира потребниот предел двете страни комуницираат директно преку нивниот софтвер. Моделот се пренесува за наколку минути и и’ овозможува на заботехничката лабораторија детална слика од ситуацијата во устата. На овој начин стоматологот и техничарот може да дискутираат за важни детали додека пациентот е се’ уште во ординација, што е уште една предност во споредба со конвенционалниот пристап, бидејќи навремено може да се отстранат сите можни фактори кои би придонеле за неуспех на изработката.
Почувствувајте ја моќта на дигиталната стоматологија, информирајте се и уживајте во стоматолошкиот третман, порачуваат од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.
„Темата е дел од првото издание на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“ и Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.