Во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на КОВИД-19.
Најмногу регистрирани се во Скопје- 136 случаи, Тетово – 86, Гостивар – 46, по 23 случаи во Куманово и Кичево, 15 во Битола, по 13 случаи се регистрирани во Охрид и Струмица , 10 во Дебар, 6 во Струга, 5 во Кавадарци, 4 во Кочани, по 3 случаи во Прилеп и Валандово, по 2 случаи во Велес, Штип, Свети Николе и Ресен, по еден случај е регистриран во Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод.
Денешната ковид- статистика бележи 4 починати лица од кои тројца пациенти биле од Куманово на возраст од 29, 49 и 74 години и едно лице од Гостивар на 78 години. Регистрирани сe 18 оздравени пациенти.Досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994
OhridNews