Величенствено и незаборавно, вака организаторот едриличарскиот клуб АМАК-СП Бофор ја најавува традиционалната Илинденска регата, која годинава од 31 јули до 2 август ќе го има своето 39-то издание.
Регатното поле е на потегот градско пристаниште – хотел Горица – Канео.Во зависност од временските услови,се предвидува секој ден да има по четири регатни возења.Регатните возења ќе започнат на 31 јули во 13 часот,на 1 и 2 август едриличарите предвидените возења ќе ги започнуваат во 11 часот.Организаторот очекува учество да земат едриличари од 11 држави во девет класи.
Ќе го разубават Охридското Езеро-едрилица на АМАК СП Бофор
Претседателот на Собранието на Е.К. АМАК-СП Бофор Стефан Ставрев на прес конференцијата информира дека традиционално и годинава по регатните возења, организаторот подготвува и други активности, од кои особено внимание треба да привлече презентацијата-крстарење околу CAPE HORN во Јужна Америка. Презентацијата ќе биде на Младен Шутеј од Хрватскиот Океански Едриличарски Клуб.
Годинешнава 39-та Илинденска регата ќе мине и во знак на два многу заначајни едриличарски јубилеји, 60 години години спортско едрење во Македонија и 100 години од како во Париз беше формирана Меѓународната Унија за Спортски Едрилици (МУСЕ).
течат последните подготовки за регатата и во тимовите
На денешната средба со новинарите првиот човек на компанијата АМАК-СП, Венко Шапкар истакна дека низ годините клубот ги реализирал двете основни цели,популаризацијата и масовноста на едерењето.
Изразувајќи багодарност за успешната соработка со локалната и централната власт и потсетувајќи дека Е.К.АМАК СП – Бофор е победник на Евро-Балканската лига, господинот Шапкар потенцира дека клупската флота постојано се зголемува, најавувајќи за следната регата едно сосема ново натпреварување.
Станува збор за така виканиот “меч рејс“ , кој во светот поради својата атрактивност доживува огромна популарност.За таа цел Венко Шапкар најави набавка на четири нови пловила.
Се е подготвено за регатата Поп Стефанија, Шапкар, Ставрев
Регатата која меѓу другото за цел има и да го промовира Охрид како центар на водните спортови во Југоисточна Европа, годинава ќе биде претставена и на спортскиот канал Евроспорт.
Илинденската регата оваа година е целосно подржана од локалната самоуправа,во финансиска конструкција најголемиот товар го носи традиционалниот спонзор компанијата АМАК СП. За прв пат годинава регатата е подржана и од агенцијата за млади и спорт. Покровител на 39-та Илинденска регата е амбасадорот на ЕУ во замјава Ерван Фуере.
Ненад Цветанов