Традиционалната Илинденска регата, годинава ќе се одржи по 39-ти пат.

Од 31 јули до  2 август белите едрилици ќе го рзубават Охридското Езеро. Регатното поле е на потегот градско пристаниште – хотел Горица – Канео.Во зависност од временските услови,се предвидува секој ден да има по четири регатни возења.Регатните возења ќе започнат на 31 јули во 13 часот,на 1 и 2 август едриличарите предвидените возења ќе ги започнуваат во 11 часот.


стартува 39-та Илинденска регата

Организаторот очекува учество да земат едриличари од 11 држави во девет класи. Регатата која меѓу другото за цел има и да го промовира Охрид како центар на водните спортови во Југоисточна Европа, годинава ќе биде претставена и на спортскиот канал Евроспорт.

Илинденската регата оваа година е целосно подржана од локалната самоуправа,во финансиска конструкција најголемиот товар го носи традиционалниот спонзор компанијата АМАК СП. За прв пат годинава регатата е подржана и од агенцијата за млади и спорт.

Покровител на 39-та Илинденска межународна едриличарска регата  е амбасадорот на ЕУ во замјава Ерван Фуере.

Г.М.