Општина Охрид ќе додели 39 стипендии за социјално најзагрозените студенти од Охрид.

Стипендијата е во висина од 2000 денари, а ќе ја добијат студенти кои завршиле прва година од студиите.

Критериум за доделување на стипендиите била материјалната состојба на студентите. На овој начин сакаме да им помогнеме на студентите кои се социјално загрозени, а решиле да го продолжат образованието, истакна градоначалникот Петрески.

Ohridnews