Во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на КОВИД-19 информираше Министерството за здравство. Најмногу нови случаи има во Тетово- 14, потоа во Скопје – 12, во Гостивар – 5, во Куманово – 4, Кичево – 2 и Битола и Валандово – по 1 случај.
Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти, а регистрирани се 12 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com