Во акциски контроли санкционирани 38 возачи за управување возило под дејство на алкохол на територијата на СВР Охрид.
Во текот на вчерашната вечер (13./14.01.2022) во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 83 возачи. Од нив 38 на територија на СВР Охрид, 26 на територија на СВР Тетово, 22 на територија на СВР Скопје.., информираат од МВР.
Од МВР додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
OhridNews