Викендов во „лапидариумот“ при Куќата на „Робевци“ во НУ Завод и Музеј – Охрид беше промовира книгата „Сликарството во Охрид во 20 век“ од Јорданка Матова.
Книгата е заснована врз досегашните истражувања, како и врз стручната и научна обработка на одделни периоди. На еден начин, таа претставува синтетички преглед на суштествените појави во досегашниот историски од на охридското сликарство, на трите генерации уметници, преку кои се изразува творечкиот идентитет и неговата улога во македонската национална култура.
На сите 38 уметници опфатени во монографијата, Матова настојува да им даде картки биографски податоци, да се осврне на нивното досегашно творештво и да искаже определени критички согледувања за нивното ликовно творештво.
„Токму ваквиот пристап, монографијата ја чини целовита и едно заокружено дело, кое без соменеи ќе биде високо вреднувано во науката и македонската современа историографија. Од друга страна, уверен сум дека книгата според својата соддржина и концепција ќе стане корисен прирачник, водич и каталог за запознавање на современата ликовна уметност во Охрид во 20-тиот век.“ – истакна промоторот на книгата, д-р Сашо Цветкоски.
Во монографијата се опфатени три генерации на современи ликовни творци, а се следи развитокот на сликарството во Охрид во 20-тиот век од оној момент кога било отворено Училиштетот за резба во Дебар(1925), кое поради релативната изолираност на овој град, во 1927-ма година е префрлено во Охрид.
„Од првата генерација на охридски современи ликовни творци, Матова ги издвојува Андон Дуко, Димче Коцо, Љубомир Стефановски, Димче Протуѓер, Стефан Нестороски, Јоне Симонче, Нико Този, Вангел Наумоски и Димитрија Чудо. Ова се уметници кои своите најверни сознанија за уметноста и ликовните дела ги добиваат во учлилиштето за уметничка резба пред втората светска војна. Подоцна некои од нив ќе станат основоположници на македонската современа уметност како Димче Коцо и Димче Протуѓер, а Вангел Наумоски ќе стане своевиден репрезент на македонската ликовна уметност во светот.“ – истакна Цветкоски.
Втората генерација го опфаќа повоениот период се до појавата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, период кој носи непрекинат растеж, револуционерна преобразба во сите области на општествениот живот.
„Во втората генерација на охридски уметници која ги обработува Матова, припаѓаат Ѓорѓи Целески, Теофил Дамјановски, Ничев Симеон, Димитар Поп-Марков, Слободан Пупиноски, Живко Пејоски, Јордан Манасиески, Власе Николески, Крсте Мартиновски, Александар Патчев, Славко Упевче, Љубен Цветкоски, Рубенс Наумовски, Никола Николоски, Анастас Дудан и Драган Спасески – Охридски. Тоа се ликовни творци од кои што повеќето во континуитет се уште творат, додека пак некои само периодично се појавуваат со своите ликовни дела, а повеќето од нив творечки згаснуваат. Меѓу припадниците на оваа генерација има и такви кои работат со други професии, односно други сфери во општественото делување, а во уметноста се јавуваат со една забележителна ликовна надареност.“ – додаде Цветкоски.
Третата или најмладата генерација се уметници кои студираат на Факултетот за ликовни уметности во Скопје или пак на универзитетите во соседните земји. Повеќето од нив се академски граѓани со титутли како доктори на науки или магистри. Млади луѓе, кои максимално вложуваат во своето образование, а во уметноста постигнуваат врвни стилски и естетски резултати.
„Уметници од 3-тата генрација на охридски уметници ја продолжуваат охридската ликовна традиција. Во неа Матова ги сместува: Маја Рауник – Кирков, Владимир Бараковски, Валентина Толеска, Талија Кичеец, Сергеј Цингуловски, Никола Упевче, Ели Аиноска – Христовска, Ванчо Димоски, Сашо Блажески, Ристе Пуцоски, Зорица Азеска, Јане Бакрески и Билјана Ангелеска.“ – истакнува Цветкоски.
Пред присутните, авторката Јорданка Матова се заблагодари до академикот д-р Цветко Грозданов, д-р Вера Битракова, Министерството за култура, директорката на НУ Завод и Музеј – Охрид Тања Паскали Бунташеска, промотор д-р Сашо Цветкоски, рецезентот Паско Кузман, кустосот историчар на уметност Никола Николоски, м-р Марија Каневче, архитектот Горан Патчев, Домица Бачева, Никола Каневче, Летра Дизајн и Гордана Ангеличин Жура.
O.T.