Во изминатото деноноќие регистрирани се 1275 нови случаи на Ковид-19, од направени 3331 тестирања. Починати се 13 лица, додека 502 пациенти се оздравени. Во Охрид во последните 24 часа регистрирани се 24 нови случаи и 28 оздравени, а почина едно лице на возраст од 82 години.

Министерството за здравство информира од регистрираните 1275 случаи во Скопје се 519, Куманово-70, Штип-36, Прилеп-75, Тетово-85, Струга-30, Велес-47, Битола-69, Кавадарци-40, Гостивар-55, Гевгелија-22, Струмица-39, Крива Паланка-7, Радовиш-15, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-7, Кратово-12, Свети Николе-6, Кичево-34, Ресен-6, Неготино-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 502 оздравени пациенти, а починати се 13 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 845, а бројот на активни случаи изнесува 319.

OhridNews