Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-7, Штип-19, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-14, Велес-1, Битола-2, Охрид-5, Гостивар-6, Радовиш-2, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-3, Кичево -4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје-41, Штип-10, Тетово-11, Струга-25, Велес-3, Охрид-36, Гостивар-5.

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034. Заклучно со вчера во Охрид се евидентирани 250 случаи на Ковид 19, а активни се 99.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Г.М.