Во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19. Денеска нема нови случаи во Охрид, во Скопје се регистрирани 9 случаи,  а во Гевгелија 12, сите странски државјани (полицајци ангажирани на обезбедување на нашата јужна граница), во Прилеп 5…

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент. Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.

OhridNews