Според податоците од Агенцијата за вработување, во јануари годинава регистрирани се 2599 невработени лица во Охрид, од кои 1213 жени и 1386 мажи.

Статистиката покажува дека најмногу од невработените се без образование или со основно, по што следат со завршено средно образование. Со високо образование невработени се 337 лица, додека магистри на науки 37.

Најмногу лица, 431, чекаат за вработување повеќе од 8 години, додека 423 лица чекаат за вработување помалку од една година.

Според возрасната структура најмногу невработени се на возраст над 55 години, по што следуваат возрасните група над 40 години и над 35 години. Според националноста, најмногу се Македонци 2.026 македонци, 177 Албанци, 137 Турци, 70 Роми…

Во моментов на електронскиот систем при Агенцијата за вработување за Охрид стои дека има 350 слободни работни места.

Споредбено со јануари минатата година бројките се слични кога биле регистрирани 2532 невработени лица, од кои 1313 машки и 1219 женски лица.

Н.С.Ј.

извор. АВРМ