Петнаесет пливачи, шест во женска и девет во машка конкуренција, ќе земат учество на 36. Охридски пливачки маратон што ќе се одржи денеска.

Се плива на 25 километри долгата патека “Климе Савин” од Св. Наум до Охрид. Стартот е во 10 часот во Св. Наум, а ќе го означи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Целта на градскиот кеј околу 15 часот.

Временските услови се идеални, водата е 24 степени, а температурата воздухот се очекува да се искачи до 30 степени.

Наградниот фонд на маратонот е 12000 евра, од кои 2000 се предвидени за најбрзите во двете конкуренции на две контролни бови.

Охридскиот пливачки маратон оваа година е дел од Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е ПК Охридски бранови – Охрид.

OhridNews