Бројот на активни случаи на Ковид-19 секојдневно се зголемува. Според вчерашните објавените податоци од Институтот за јавно здравје, во државава има  18.498 активни случаи од кои во Охрид  581.

Во Охридската Болница во моментов се хоспитализирани 35 пациенти кои се позитивни на Корона вирус, информираше за OhridNews директорот на Општа Болница Охрид, Горан Балески. Пациентите се распределени на интерното и инфективно одделение при болницата, а дневно се вршат и по 150 прегледи на пациенти во амбуланта.

Според податоците од здравство се зголемува и бројот на реинфекции, за здравствените лица моментално сме околу пикот на сојот Омиктрон. Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски синоќа во телевизиско гостување истакна дека се очекува зголемен наплив на хоспитализации  затоа што има многу голем број на позитивни луѓе.

Релативно и бројот на смртни случаи и бројот на хоспитализации е значително подобар кога ќе го споредиме со делта сојот. Но, повторно да не се залажуваме, има луѓе кои умираат после инфекција со омикрон сојот. Препораките на СЗО се во таа насока, пандемијата се уште не е завршена и Ковид се уште е тешка болест. Затоа не е време за олабавување. Кога ќе ги погледнеме икуствата од земјите во Западна Европа гледаме дека овој бран трае кратко и последиците кои ги остава не се така страшни како претходно, потенцираше д-р Петличковски.

Поради заклучокот од епидемиолозите дека земјата се наоѓа во пик на заразата, одложен е и стартот на второто полугодие на учебната година за основните и средни училишта до 1 февруари, а други мерки за заштита од ширење на Корона вирусот засега не се донесени.

 

К.А.