Нови 632 случаи на КОВИД-19 од направени 6531 тест се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа. Оздравени се 248, а починати 11 лица, од кои седум во изминатото деноноќие, најмладиот на 40 години, и дополнително четири лица, со датум на смрт од 20 декември до 5 јануари.

Од новодијагностицираните, во Скопје се 470, Охрид – 35, Прилеп – 25, Кавадарци и Штип по 17, Струмица – 14, Велес – 10, Гевгелија – девет, Кичево има пет нови случаи, Неготино – четири, Куманово – три, Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци по два и по еден нов случај е регистриран во Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип.

Регистрирани сe и 248 оздравени пациенти од нив во Охрид 10. Во моментов во Охрид активни се 396 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица – по две од Скопје (68г и 76г)  и Битола (40г и 75г) и по едно починато лице од Прилеп (67г), Охрид (72г) и Крушево (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, пријавени се четири лица, по едно лице од Прилеп, Кратово, Дебар и Гостивар, починати во период од 20 декември 2021  до 5 јануари 2022. Починатите се на возраст од 69 години до 87 години. Од нив, две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови.

OhridNews