Во организација на пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 Охрид, традиционално, по 35 пат, на 02.08.2014 год. (сабота), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон.

Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 40 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 ч. од плажата Голден Бич (поранешен х.Парк).

Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во Охрид се очекува да биде од 10:30 ч.

Ohridnews