Динамо Дрезден ги има едни од најдобрите и најлојалните симпатизери во Германија. Дури 35 000 гледачи го бодреа тимот во Берлин против Херта во 1/16 финалето во националниот Куп.

На симпатизерите од Дрезден не им сметаше ниту долгиот пат од 400 километри да го окупираат главниот град во Германија. На Олимпискиот стадион во Берлин ечеше песна од навивачите на Дрезден кои приредија вистинско шоу.

Моментално, фудбалерите на Динамо Дрезден се натпреваруваат во Втората бундес лига а сите со нетрпение го очекуваат нивниот кам бек во фудбалска елита и нови спетакли на трибините.

OhridNews