Советот на општина Охрид денеска ќе ја одржи 34 седница. На дневен ред ќе бидат 19 точки меѓу кои и  извештајот  за остварените резултати на ЈП Охридски Комуналец како и одлуките  за давање согласност на одлуките на јавното претпријатие за продолжување на рокот за задолжување со рамковен ревовинг кредит, и за  обезбедување гаранција за одложено плаќање на даночен долг .

Пред советниците ќе се најде и предлог Одлуката за усвојување на  Извештајот за финасиското работење, и  Годишната сметка   за 2006 година,  на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид и именување на членовио во Надзорниот одбор.


Советот ќе расправа по 19 точки

Советот ќе расправа и по предлог Одлуката за донесување на  Урбанистички план вон населено место за дел од  туристички комплекс локалитет Горица општина Охрид 2007-2017, предлог Одлуката за начинот на регулирање на паркирањето вон градежната парцела
           
На дневен ред се и предлог Одлуката за давање согласност на Одлуката од Управниот одбор на  МЈП „Проаква“ Струга  за  реализација на проектите за енергетско искористување на водоснабдителните системи „Г.Белички Извори“-Струга и „Летнички“ извори –Охрид и предлог Одлуката за усвојување на извештајот  за енергетско искористување на водоснабдителните системи „Белица“ и „Рамне“

Советниците по втор пат ќе разгледаат  Програмата за  одбележување на значајни настани и  истакнати  личности со спомен обележја за период 2007 -2012 година, како и предлог  одлуките за подигање спомен обележје на современиот македонски писател  Живко Чинго и за подигање  спомен обележје на Св. Климент , Св. Наум и Ангел .

Советот се очекува да ја усвои Програмата за работа во 2007 година на Општинскиот совет за безбедност  на сообраќајот на патиштата –Охрид, а ќе ја разгледа предлог  Програмата за измени и дополнувања  на Програмата за инвестиции  и одржување на опшштина Охрид за 2007 год.

На дневен ред уште се и предлог длуките за усвојување на  Извештај од внатрешниот ревизор за периодот од  01.03. 2006 год. до 01.03.2007 год,  за усвојување на  Извештајот за работа на Територијалната противпожарна единица Охрид за 2006 година, какои таа за измени и дополнување на Одлуката за организација на општинската администрација  на општина Охрид.

Г.М.