Во последните 24 часа се направени 2065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 од кои 1 во Охрид, каде се евидентирани и 34 оздравени пациенти,  од вкупно 297 во целата земја, информира Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи има во Скопје 53, Прилеп 13, Струга 2 каде денеска има 85 оздравени.

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 142.158 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13914, бројката на оздравени пациенти е 10507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2829.

OhridNews