Охриѓанецот Гоце Мојсоски викендов кој доаѓа во романскиот град Букурешт ќе биде дел од Диамант купот на кој ќе појават најдобрите боди билдери од стариот континент. Тој долго време напорно тренираше и максимално подготвен и со големи амбиции патува во Романија.

  • Исцрпувачките подготовки завршија и јас максимално подготвен патувам за Букурешт каде нескромно ќе најавам дека атакувам на титулата апсолутен победник. Двете последни недели се потрошив многу, бидејќи тренирав со зголемен интензитет, а морав да ја намалувам храната. Но, појавувањето на сцена под името Македонија нема цена и со тоа чуство тренирав константо. – изјави Мојсоски.

Европскиот собир во Букурешт ќе биде генерална проба за охриѓанецот кој на крајот од овој месец ќе ги одмери силите со најдобрите боди билдери од светот на Арнолд Класик купот. Мојсоски пред заминувањето за Романија изрази голема благодарност до Боди билдинг федерацијата на Македонија која му овозможи учество на Европското првенство.

OhridNews