На магистралниот пат Кичево-Охрид, пред село Требеништа, вчера околу 11.40 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Кавасаки“ со скопски регистерски таблици управуван од 36-годишно лице од Скопје и патничко моторно возило “Џип“ со скопски регистерски таблици управувано од 36-годишен скопјанец.

Во незгодата возачот на моторциклот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид бил пренесен во болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

OhridNews