Во изминатото деноноќие, полициските службеници констатирале 33 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, – информираат од СВР Охрид.
Најмногу прекршоците се регистрирани во Кичево 15, а во Охрид и Струга се констатирани по 9 пекршоци. На прекршителите им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.
Полициските службеници продолжија самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле девет контроли во угостителски и други објекти.
OhridNews