Нови 820 случаи на заболени од Ковид -19 се регистрирани во последните 24 часа. Направени се 2019 тестови. Министерството за здравство вечерва соопшти дека починати се 32 пациенти, а оздравени 895, од кои 33 во Охрид.
Најголем број на новозаболени повторно има во Скопје 279 по што следуваат Битола со 58, Куманово со 49, Тетово со 42, Штип со 39, Гостивар со 37, Кавадарци со 34, Струга со 33, Струмица и Гевгелија со по 25, Охрид со 24, Неготино со 21, Велес со 19 и Прилеп и Кочани со по 15 случаи.
Од починатите, најмладиот е на 55-годишна возраст, а најстариот на 95-годишна возраст. Сите се починати во болнички услови. Најмногу починати има во Скопје -11, четворица се од Куманово, а по тројца има од Прилеп, Битола, Гостивар и Струмица. По еден починат пациент има од Тетово, Велес, Охрид, Гевгелија и Ресен.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 61543, бројката на оздравени е 38400, а на починати е 1731. Бројот на активни случаи е 21412.
OhridNews