Целокупната инвестиција за изградбата на хотелот е вредна 33 милиони долари.
Хотелот ќе се гради на атрактивната локација од околу 15.000 квадратни метри во непосредна близина на каналот Билјанини извори. Оваа локација беше предмет на Јавната објава за продажба на градежно земјиште, што го објави Министерството за транспорт и врски пред неколку дена.
Според најавите хотелот ќе започне да се гради на почетокот на март, идната година и се планира да биде завршен за 2 години. Хотелот ќе има капацитет од 500 гости и ќе биде најлуксузниот хотел на Охридското Езеро.