– Должината на секоја мрежа е околу 70 метри, а вкупната должина на мрежите кОи ги уништивме е над 30 километри што илустративно кажано би можело да ја покрие целата водена граница на Охридското Езеро, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која присуствуваше на палењето на запленетите мрежи.
Покрај мрежи уништена беше и поголема количина други предмети кои биле користени за незаконит риболов, како и риболовен алат кој бил запленет од рибокрадци од Албанија кои навлегле во македонски територијални води.
– Езерската полиција при контрола на државната водена граница забележа двајва албански државјани и при тоа беа запленети 118 парчиња риба во вкупна тежина од над 10 килограми, информираше Јанкуловска.
Според министерката споредбено со минатата година ефикасноста во борба против рибократсктвото бележи пораст, за што ,како што рече, говори зголемената количина запленет риболовен алат.