Триесет и три годишен охриѓанец е меѓу единаесетте починати лица кои во вчерашното деноноќие ја загубија битката со коронавирусот Ковид 19.
Како што соопшти Министерството за здравство, починатото лице било со дијагноза дијабет тип 2, и не земало соодветна терапија. Примено било во болница во тешка состојба.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 444 позитивни на Ковид-19 од кои 13 во Охрид, каде во моментов има 255 активни случаи.
OhridNews