Ф1 тимот Форс Индија и официјално отиде под административно управување. Ова се случи откако нивниот пилот Серхио Перез поднесе тужба кон тимот со седиште во Силверстоун за долг од 3 милиони фунти.

Од Дајмлер / Мерцедес исто така се приклучија кон делото, велејќи дека им должат 10,5 милиони фунти. Главниот спонзор на тимот „BWT“ пак претстави документи кои докажуваат дека спонзорството меѓу нив и Форс Индија е во форма на заем и од Форс Индија доцнат со придонесите за него. Австриската компанија за минерална вода не прецизираше колку тимот должи.

Преминувањето на тимот под стечај на никаков начин нема да влијае на неговото учество во Гран При на Унгарија, вели Отмар Шафнауер од тимот за време на прес-конференција на „Хунгароринг“.

Целта на административното управување е да се најдат нови сопственици / инвеститори без да влијаат врз работата на самиот тим.

Во последните недели како најсериозен кандидат да го купи тимот се појави таткото на пилотот на Вилијамс Ленс Строл – Лоренс. Ако Канаѓанецот го купи тимот, тогаш речиси сигурно неговиот син ќе го следи.

OhridNews