Екипите на Мистер И, АСП Пак и Александар Лачоски Фудбал се првите патници во 1/4 финалето, откако успешно ги поминаа пречките во осминафиналето. Мистер И со 3-0 славеше над Моби Петрол, АСП Пак со убедливи 6-0 го совлада тимот на Мелбурн Македонија, додека Александар Лачоски Фудбал после изведувањето на пеналите 5-4 (1-1) го елиминираше составот на Мешеишта.

Денеска е слободен ден на турнирот „Велгошти 2018“, а возбудувањата од осминафиналето продолжуваат утре и задутре.

Резултати:

Мистер И – Моби Петрол 3-0

АСП Пак – Мелбурн Македонија 6-0

Мешеишта – Александар Лачоски Фудбал 4-5 (1-1)

OhridNews