Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека, поради настанат дефект на водоводна линија на булеварот „Туристичка“, денес, од 11 часот има прекин во водоснабдувањето на дел од булевар Туристичка“, на потегот од Мини маркет до бензиската пумпа на Макпетрол. Прекин ќе има и на дел од улицата „Славеј Планина”.

Екипите на МЈП Проаква се на терен и работат на отстранување на дефектот.

OhridNews