Европската куќа на фудбалот (УЕФА) има сериозна намера да го исклучи италијанскиот клуб Милан од Лигата на Европа поради повреда на финансискиот фер-плеј.

Според „Скај Спорт“, УЕФА отфрлила уште една верзија на договорот за решавање на ситуацијата, предложена од Милан.

Покрај тоа, УЕФА има недоверба кон сопственикот на Милан, кој има сомнителна репутација во бизнис круговите.

Многу веројатно, Милан во случај на суспензија од европските купови, ќе поднесе тужба во Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

OhridNews